Втор повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган на Програмата) во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган на Програмата)

Го објавуваат на 09.02.2018 год. Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете држави. Програмата е ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија.

Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите.

Вкупниот износ на Поканата за проектни предлози е  6 917 631,00 евра.

Проектните предлози треба да одговараат на една од следните приоритетни оски и специфични цели на Програмата:

Приоритетна оска 1. ЖИВОТНА СРЕДИНА

Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС;

Специфична цел 1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС.

Приоритетна оска 2. ТУРИЗАМ

Специфична цел 2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство;

Специфична цел 2.2. Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот за ПГС;

Специфична цел 2.3. Поттикнување на соработката помеѓу партиципиентите од регионот во сферата на одржливиот туризам.

Приоритетна оска 3. КОНКУРЕНТНОСТ 

Специфичнацел 3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси.
 

Крајната цел на Програмата е да се подигне капацитетот на локалните и регионалните власти во развојот и спроведувањето на заеднички проекти во дозволениот прекуграничен регион, определен во Програмата, како што следува:

За Бугарија (административно ниво NUTS III) - областите Ќустендил и Благоевград;

За Македонија (административно ниво, еквивалент на NUTS III) - Североисточен плански регион, Источен плански регион и Југоисточен плански регион.

Целосниот пакет документи за апликација, вклучувајќи го и Упатството за аплицирање е објавен на следните интернет страници:

www.ipa-cbc-007.eu
www.mls.gov.mk
www.mrrb.government.bg
www.eufunds.bg
 

Крајниот рок за доставување на проектни предлози е 17:00 часот по локално бугарско време (ЕЕТ) на 11 мај 2018 год. Поднесувањето на проектните предлози ке се врши исклучиво по електронски пат преку електронскиот систем: 

https://bp.ipa-cbc-007.eu/beneficiary_reg/registration/add

 

Информативната кампања за кандидатите ќе биде организирана и спроведена на територијата на Република Бугарија и Република Македонија во текот на наредните месеци. На интернет страницата на Програмата (www.ipa-cbc-007.eu) ќе бидат објавени датумите и местата на одржување на информативните настани.

За дополнителни информации можете да контактирате со Заедничкиот секретаријат на Програмата, на следните телефони:

Главна канцеларија во Ќустендил: 

тел. +359 (0)78 58 01 01; 359 (0)78 55 11 83/5,
Филијала во Струмица: тел. +389 (0)34 330 331.
 

Пакет документи за аплицирање:

Упатство за аплицирање

Формулар за аплицирање

Анекси

Прилози

Договор за субвенција (драфт)