Јавен оглас за вработување на (1) извршител посебен советник во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија на определено време

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 9, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и 27/16), членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/2016), Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 43-5893/1 од 9.6.2015 година и Правилниците за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 43-5893/5 од 23.11.2015 година, бр. 04-5107/1 од 28.6.2016 година, бр. 04-5107/4 од 14.7.2016 година, бр. 47-2375/1 од 30.5.2017 година, бр. 47-2375/3 од 4.8.2017 година, бр. 47-2375/8 од 11.12.2017 година, бр. 04-1317/2 од 31.1.2018 година и 04-1317/4 од 12.2.2018 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2018

за вработување на (1) извршител посебен советник во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија на определено време во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

 

Огласот можете да гопреземете на следниот линк.


Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, заради пополнување на посебно работно место во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија заради извршување на работни задачи на посебен советник, за ангажирање на 1 лице на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следнава позиција:

 

1.        Посебен советник за унапредување и развој на образованието и културата на ромската заедница во Република Македонија во Кабинетот на министерот без ресор (Декада на Ромите)

 

Потребни квалификации:

  • • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Научно поле: Образование;
  • • одлично познавање на англиски и ромски јазик;
  • • работа со компјутери;
  • • работно искуство од најмалку 3 години во струката, како и да има искуство во процесот на интеграција на Роми во образовниот систем и искуство во процесот на евалуација на структурата на компоненти за концептот за интегрирано образование;
  • • Нето плата 36.873,00 денари.

 

Дневно работно време од 7:30 часот до 15:30 часот /од 8:30 часот до 16:30 часот неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок.

  

Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

 

  • • своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • • кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • • уверение за државјанство;
  • • доказ за бараното работно искуство и соодветни потврди или сертификати за посебното работно искуство што се бара;
  • • диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;
  • • доказ за познавање англиски јазик и ромски јазик и
  • • доказ за познавање на компјутерски вештини.

 

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до aрхивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија или по пошта на следнава адреса:

 

Генерален секретаријат на Влада на Република Македонија
Сектор за човечки ресурси
бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“)

 

На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

 

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно заклучно со 1.3.2018  година до 16:30 часот.

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.      

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.