Промоција на Програмата за вработување 2018
Среда, 25.04., во 10:00 часот во Медиа Центарот на Владата на Република Македонија ќе се одржи настан на кој Министерството за труд и социјална политика, УНДП (Програмата за развој на ОН) и Агенцијата за вработување ќе ја потпишат и промовираат Програмата за вработување 2018.
По тој повод на самиот почеток свое обраќање ќе има Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а ќе се обратат и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, постојаната амбасадорка на ОН во Македонија, Луиза Винтон и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.