ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
(во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија)
Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 годинаобјавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку следниве инструменти за поддршка:
Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“)
Кофинансирани грантови за микро претпријатија
Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.
Апликантот што ќе аплицира за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“) има право паралелно да аплицира и за добивање на комбинирана финансиска поддршка, односно да аплицира и за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица. Во таков случај, комбинираната финансиска поддршка што ќе ја даде Фондот на ист апликант за ист проект не може да го надмине највисокото ограничување што е применливо кај овие два инструменти.
Обрасците потребни за аплицирање се испраќаат автоматски преку e-mail по успешна регистрација.
Детални информации можете да прочитате на следниот линк: http://www.fitr.mk/stolb3/#toggle-id-4
Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.06.2018 година, до 23:59 часот.
За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти кои се пополнети во обрасците определени за јавниот повик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.