Министерот Попоски ја посети општината Ростуше
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска присуствуваше на централната прослава по повод големиот верски христијански празник – Богојавление – Водици, во долнореканскиот крај, во општина Ростуше.
Попоски, како што соопшти МНР, имаше средба со градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди, со претставници од Националниот парк – Маврово, како и со локалното населние.
На средбите било разговарано за актуелните состојби во овој регион кој претставува традиционален симбол на меѓуетничкиот и меѓуверскиот соживот и толеранција во Македонија. Соговорниците ја констатирале потребата од зажиувување и афирмација на туристичките можности, како и неопходноста од конкретни економски и инфраструктурни проекти. Во разговорите, меѓу другото, била нагласена потребата за поддршка на проектите со прочестителни станици, како и за проблемите со кои се соочува локалното население.
По средбите, министерот Попоски присуствуваше на светиот чин на осветувањето на водите на реката Радика, со симболичното фрлање на крстот од страна на игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски", архимандритот Партение.