Пуштен во употреба патот до населеното место Штавица во општина Прилеп

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески претпладнето заедно со градоначалникот Ристески го пуштија во употреба локалниот патен правец до прилепското село Штавица.

Како што рече министерот Јанакиески, овој е 129-от локален пат што се пушта во употреба според проектот од Светската банка. Годинава се очекува да бидат готови 100-ина локални патишта, со што владата се приближува до планираната бројка за изградба и реконструкција на 250 локални патишта во земјава. Локалниот пат до прилепското село Штавица е во должина од нешто повеќе од еден километер и е во вредност од 105.000 евра.