МНР Попоски се сретна со албанскиот министер за одбрана, Арбен Имами
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денес оствари средба со министерот за одбрана на Република Албанија, Арбен Имами, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
За време на средбата, од двајцата министри беше потврдено високото ниво на соработка во областа на одбраната и процесите за евроатлантските интеграции на двете држави. Воедно стана збор и за интензивирање на соработката во инфраструктурните проекти кои се од посебно значење за двете држави.
Министерот за одбрана на Република Албанија, Арбен Имами ја потврди поддршката од Република Албанија за полноправно членство на Република Македонија во НАТО алијансата и нагласи дека тоа е во интерес не само за Македонија, туку и за стабилноста на Регионот.
МНР Попоски уште еднаш се заблагодари и изрази очекување дека поддршката што Република Албанија и ја дава на Република Македонија во процесот на евроатлантските интеграции ќе продолжи и понатаму.