Ристовски го посети Дневниот центар за деца со церебрална парализа
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска го посети Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје во кој дневно гравитираат 26 деца од 5 до 18 години.
- Станува збор за исклучително хуман дневен центар, од големо значење за семејствата на децата болни од целебрална парализа. Во негови рамки се вршат дневните активности во насока на нивен развој и правилно прифаќање на состојбите од аспект за квалитетно извршување на секојдневните моторички активности, изјави Ристовски по посетата.
Децата, како што рече, се наоѓаат во тешка состојба, но тој верува во квалитетот на кадарот и капацитетите на установата.
- Во оваа прилика сакам да најавам дека МТСП во следниот перид ќе направи дополнителни измени и во рамки на овој дневен центар ќе се вклучат и деца под 5 години, информираше Ристовски.
Во наредните 2 до 3 месеци, најави министерот, во рамки на центарот ќе се адаптира комплетно нова функционална просторија за лица над 18 години за да не постои мешање меѓу децата и возрасните.