Работна средба на МОН и УСАИД за проектот „Мултиетничко интегрирано образование“
Министерот за образование и наука Панче Кралев и неговиот заменик Сафет Незири денеска имаа работна средба со претставници на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Македонија, на која беше презентиран проектот „Мултиетничко интегрирано образование“.
Тој е зедничка иницијатива меѓу МОН и УСАИД. Во траење е од четири години и неговата реализација чини 5.200.000 долари, соопшти Министерството за образование и наука.
- Главната цел на овој проект е да се подигне свеста во општеството за важноста од воведување интегрирано мултиетничко образование во основните и средните училишта. Проектот конкретно ќе работи на организирање обуки, обезбедување техничка помош и поддршка за раководствата на училиштата, административниот кадар и за учителите и наставниците со цел да се воспостави интегриран мултиетнички пристап во образованието, информира МОН.