Јавен повик за учество во проектот „Младинска картичка”
Врз основа на програмата за работа за 2018 година Агенција за млади и спорт објавува јавен повик за пријавување на правни лица кои вршат дејности на територија на Република Македонија, за учество во проектот „Младинска картичка”.
Оваа картичка ќе овозможи на младите луѓе на возраст од 15 до 29 години да користат попусти и бенефиции, кои ќе бидат обезбедени од страна на правните лица.
На јавниот повик можат да се вклучат сите правни лица кои се заинтересирани да се вклучат во реализација на проектот со сопствена понуда на попусти за младите.
Подетални информации на линкот.