Заврши анкетата за идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија

Ве информираме дека денеска (петок, 27.01.2012 година) заврши анкетата за идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија.

Согласно гласањето на граѓаните, Ве известуваме дека се добиени следните резултати.

  • Решение 1  -  32% (9122 гласови)
  • Решение 2  -  25% (7014 гласови)
  • Решение 3  -  20% (5853 гласови)
  • Решение 4  -   5% (1538 гласови)
  • Решение 5  -   15% (4296 гласови)
  • Не знам/нема  - 3% (729 гласови)

Мислењата и перцепциите на граѓаните искажани преку гласот за некое од понудените решенија ќе бидат земени предвид при определувањето на следните постапки во врска со овој проект.

 

Владата на Република Македонија се заблагодарува на сите граѓани кои се вклучија во оваа анкета со давање на својот глас за секое од понудените решенија.