Министерството за животна средина и просторно планирање упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.
Исто така, Министерството ја поздравува одлуката на Град Скопје и општините во Градот да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелира до другите општини во дражавата да се приклучат кон оваа иницијатива.