Јавен оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Распределбата на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2019 година Раздел 040.01 – Влада на Република Македонија, Потпрограма 10 – Администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации ќе се врши во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година („Службен весник на РМ“ бр.5/2019).
1. Вид на програми/проекти што ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 12.000.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку 20 грантови во износ од 600.000,00 денари, за програми/проекти за следниве приоритетни цели:
Развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните:
|
Република Македонија – членка на НАТО и Европската Унија:
|
Одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата:
|
Јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа:
|
Реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија:
|
Реформи во правосудството:
|
Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување:
|
Намалување на аерозагадувањето:
|
2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства
Ќе се доделат 20 грантови по 600.000,00 денари еднократно, за период на спроведување на програми/проекти до крајот на 2019 година.
3. Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:
- Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации;
- Да спроведуваат активности од минимум една година;
- Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес; и
- Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
4.Проценка на квалитетот на програмите/проектите
Проценката на квалитетот на програмите/проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми ќе се врши врз основа на следните посебни програмски критериуми:
Области |
Максимум бодови |
1. Организациска структура и ресурси |
30 |
1.1. Дали здружението/фондацијата има потребна организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица) |
10 |
1.2. Дали здружението/фондацијата располага со канцелариски простор и техничка опрема за спроведување на проектот |
10 |
1.3. Дали годишниот буџет на здружението/фондацијата за последната календарска година ја надминува висината на грантот |
10 |
2. Мрежно работење и соработка |
10 |
2.1. Дали здружението/фондацијата во последните 3 години реализирале проекти во соработка со други граѓански организации или органи на државната управа |
10 |
3. Квалитет на проектот |
60 |
3.1. Колку општата цел на проектот ќе придонесе кон реализацијата на дадената приоритетна цел |
10 |
3.2. Дали целта на проектот е јасно определена |
10 |
3.3. Дали целната група е соодветно определена |
10 |
3.4. Дали спроведувањето на активностите доведуваат до остварување на предвидените резултати во проектот |
10 |
3.5. Дали планот за спроведување е јасен и остварлив |
10 |
3.6. Дали предложениот финансиски план е реален (описот на трошоци по категории и позиции соодветствува на пазарните цени) |
10 |
Дополнителни бодови Промоција на еднакви можности и инклузија на лица со попреченост |
3 |
5. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
- Пријава за финансиска поддршка;
- Предлог - проект;
- Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
- Извештај за добиените средства од Буџетот на Република Македонија во изминатата фискална година и за начинот на нивната реализација;
- Годишен извештај за работа на здружението/фондацијата за претходната година;
- Завршна сметка на здружението/фондацијата за претходната година;
- Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.
Обрасците Пријава за финансиска поддршка и Предлог-проект се достапни на веб-страницата на Одделението за соработка со невладини организации: www.nvosorabotka.gov.mk .
Напомена:
Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот.
Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Доставените прилози не се враќаат.
6. Рокот и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 5.3.2019 година.
Пријавата со целокупната документација, во затворен плик со ознака „Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации“ треба да се достави преку пошта, на адреса:
Влада на Република Македонија
Генерален секретаријат
Одделение за соработка со невладини организации
Бул. „Илинден“ бр.2
1000 Скопје
или лично во Одделението за соработка со невладини организации, во работни денови од 8:00 до 16:00 часот.
Прашања за појаснување може да се поставуваат на nvosorabotka@gs.gov.mk до 21.2.2019 година. Одговорите ќе бидат достапни на веб-страницата на Одделението за соработка со невладини организации www.nvosorabotka.gov.mk.
Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2019 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.