Средба на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со делегација на Коморски инвестициски форум

Ве известуваме дека во понеделник (18.02.2019) во 14:30 часот во Билатералната сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи средба помеѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и делегација на Коморски инвестициски форум предводена од претседателот Марко Чадеж.

По тој повод пред почетокот на средбата предвидени се изјави за медиуми на премиерот Зоран Заев, претседателот на Коморски инвестициски форум, Марко Чадеж и заменик претседателот на Коморски инвестициски форум, Бранко Азески.

Календар Влада: 
Monday, February 18, 2019 - 14:30 to 15:30