Средба на премиерот Заев и министерот Манчевски со еврокомесарката Габриел и амбасадорот Жбогар и обраќање на настанот за презентација на концептот на Научно-технолошки парк

Во понеделник (18.02.2019), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ќе имаат средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и амбасадорот на ДЕУ Самуел Жбогар. 

Средбата ќе се одржи во Билатералната сала во Владата на РСМ со почеток во 09:35 часот.

Веднаш после средбата, двете делегации се упатуваат кон ИНОФЕИТ - кампусот на технички факултети во Скопје, каде ќе се обратат на настан за презентација на концептот на Научно-технолошки парк во чии рамки ќе започне со работа и Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ. Настанот започнува во 10:15 часот.

Прес-конференцијата е предвидена веднаш по завршувањето на настанот, во 11:15 часот.      

Календар Влада: 
Monday, February 18, 2019 - 09:00 to 12:00