Презентација на Оперативниот план за вработување за 2019

Во понеделник (25.02.2019) со почеток во 12:00 часот, во малата сала во Филхармонија, ќе се одржи настан за презентација на „Оперативниот план за вработување 2019“ на кој е предвидена панел дискусија, во која ќе земат учество владините претставници, претставници на УНДП и бизнис заедницата и корисниците на мерките. 

На овој настан свое воведно обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и постојната претставничка на програмата за развој во земјата од УНДП, Нарине Сахакиан, а ќе се обратат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и коодринација, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Календар Влада: 
Monday, February 25, 2019 - 12:00 to 14:00