Во Вашингтон работна вечера на министрите Попоски и Бесими со претставници на американската администрација
Министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Попоски и Фатмир Бесими, синоќа во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, имаа работна вечера со истакнати личности од американската администрација и претставници на тинк-тенк заедницата од САД, меѓу кои Доналд Рамсфелд, поранешен секретар за одбрана на САД и Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет на САД.
Попоски и Бесими ги презентирале аргументите зошто Република Македонија треба да биде дел од НАТО и информирале за аспирацииите на Владата и на граѓаните на Република Македонија за интеграција во евро-атлантските структури.
На вечерата, бригадниот генерал Вилијам Рој, поранешен командант на македонските војници во Авганистан, го истакнал нивниот висок професионализам во мисијата во Авганистан.
- Присутните се согласија дека Македонија ги исполнува условите за влез во НАТО и заслужува да биде членка на Алијансата, со што ја потврдија поддршката која САД во континуитет ја дава на Република Македонија кон нејзината евро-атлантска интеграција.