Каков е ставот на Владата во врска со обивнувањата за непотизам?
Секаде каде што има протекционизам и фаворизирање ВРСМ ќе бара повлекување. Веќе и ДКСК ја испитува состојбата, за околу 18 позиции и ние целосно ќе ги почитуваме наодите на комисијата.
Ги слушаме внимателно реакциите од граѓаните и јасно е дека нешто не е во ред и сериозно бараме решенија. Решенијата треба да гарантираат ист принцип за сите. Без притоа да се фаворизира некого. Но и без да се дискриминира кого било. Правиме анализи и ја поздравуваме ДКСК што и таа ги разгледува случаите. Се што е спорно ќе биде повлечено. Ќе се отвори процесот, ќе стигнеме и до измена на закони со кои ќе се постават ограничувања.