Што ќе стори Владата на Република Северна Македонија имајќи предвид дека Претседателот Иванов не ги потпиша 11-те реформски закони?
Датум на поставено прашање:
13/03/2019
Очекуваме дека ќе ги запазиме роковите коишто се зададени, бидејќи се работи за клучен пакет реформски закони и исто така очекуваме дека Претседателот Иванов ќе го почитува Уставот и ќе работи со цел прогрес на нашата држава кон евро – атлантските интеграции.
Сите во Република Северна Македонија се должни да го почитуваат Уставот на државата, вклучувајќи го и Претседателот Иванов. Нема да дозволиме граѓаните на Република Северна Македонија да бидат заложници на не уставната политика на Претседателот Иванов.