Зошто се уште нема утврдено одговорност за бегството на Груевски и зошто се уште никој не одговараше?
Датум на поставено прашање:
13/03/2019
И Владата ги очекува наодите на Основното јавно обвинителство во однос на истрагата за бегството на поранешниот Премиер Груевски. Целата јавност, но и Владата очекува да заврши истрагата и да ги дознае информациите и податоците од истата. Врз основа на заклучоците од истрагата на ОЈО, Владата очекува дека некој ќе понесе одговорност.