Каков е одговорот на Владата во врска со критиката за пристап до гинеколози во рурални средини и помали градови?
Го унапредуваме здравјето на секоја жена и започнуваме од еден од клучните аспекти а тоа е унапредување на достапноста на гинеколози во државата преку воспоставување на поголема територијална покриеност и достапност на кадарот во здравствените региони каде што гинеколошките услуги на примарно ниво не се достапни или достапноста е ограничена.
Во оваа насока нашата заложба е да ги препознаеме компетенциите на матичните лекари - специјалисти по семејна медицина коишто вклучуваат и грижа за сексуалното и репродуктивното здравје како што се услуги за семејно планирање, контрацепција, сексуално преносливи инфекции итн. Понатаму, нашата визија е да во здравствените региони каде што гинеколошките услуги на примарно ниво не се достапни, како што се Македонски Брод, Демир Хисар и Крушево да ги обезбедиме овие услуги преку капацитетите со коишто здравствениот систем располага на секундарно ниво.
Истиот овој пристап ќе се аплицира и здравствените региони каде што има недостаток на матични лекари (еден гинеколог има во просек над 4000 жени во репродуктивен период како што е случајот со Гостивар, Тетово, Прилеп, Куманово, Струмица итн.). Како последна алка во овој систем ќе биде обезбедување на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во руралните средини преку активирање на мобилните гинеколошки амбуланти.