Каков е ставот на Владата за новиот извештај на Стејт Департментот?
Владата на Република Северна Македонија го поздравува последниот извештај на Стејт Департментот. Наодите во извештајот за нас, како Влада се охрабрувачки, имајќи предвид дека Стејт Департментот забележува дека минатата година, во споредба со претходните, власта покажала повеќе почит кон независноста и непристрасноста на судството.
За нас особено е важен и нотираниот напредок во однос на почитувањето на слободата на медиумите и на изразувањето. Борбата против корупцијата и натаму останува еден од врвните приоритети во работењето на Владата. Првите неколку чекори веќе се направени со донесување на новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси, како и со формирањето на независна Државна Комисија за спречување корупција.