Која е целта која треба да се постигне со Стратегијата за транспарентност односно кои се горливите точки кои би требало да се решат со донесување на една ваква стратегија?
Нашата Влада од првиот ден задолжи конкретен министер во Владата кој што е одговорен за комуникации, отвореност и транспарентност. Како Влада сме целосно отворени кон вас медиумите и кон граѓаните и транспарентно работиме во секој аспект на нашата работа.
Тоа што во моментов е потребно да се изработи Стратегија се однесува на идниот период и за утврдување на некои правила и концепти кои што треба да важат. Секоја стратегија се носи на повеќегодишен период, со акциски план.
Идејата е насоките и правилата на комуникација, транспарентност и на отчетност да бидат ставени на хартија како стратешка определба која заедно со акцискиот план ќе биде задолжителна да ја спроведуваат сите органи на Владата.