Зошто Стејт департмент смее во својот годишен извештај за состојбите со човековите права и слободи да го користи терминот „Македонци во Грција“, а Премиерот и МНР стравуваат да го користат?
Датум на поставено прашање:
19/03/2019
Владата на Република Северна Македонија како што е наведено во Уставот се грижи за македонскиот народ во земјава и дијаспората и насекаде низ светов.
На сите етнички Македонци кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората насекаде низ светот, мајчин јазик им е македонскиот јазик, кој припаѓа на групата јужнословенски јазици.
Употребата на терминот Македонци и македонски јазик ќе се користи во насока на духот на Договорот од Преспа.
За Владата на Република Северна Македонија извештаите на Стејт Департментот се објективни.