Соопштение за неработен ден - 01.05.2019 (среда), Ден на трудот, за сите граѓани на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2019 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.