Премиерот Груевски оствари средба со членовите на карате репрезентацијата на Македонската традиционална карате федерација
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 07.02.2012 година) оствари средба со членовите на карате репрезентацијата на Македонската традиционална карате федерација.
Претседателот на Владата на средбата им ги честита постигнатите врвни спортски резултати на македонските каратисти на последниот Европски шампионат во традиционално карате кој се одржа во Ерусалим, Израел, и им посака во следниот период да продолжат со остварување нови спортски успеси и достигнувања, и достојно претставување на Република Македонија.
Премиерот Груевски ја истакна силната заложба на Владата за инвестирање во спортот и активностите кои се реализираат во насока на унапредување на условите за функционирање на спортистите и спортските работници потенцирајќи дека поддршката на Владата ќе продолжи и во иднина.
Членовите на карате федерацијата истакнаа дека спортските сали кои се градат, се од огромно значење за подобрување на условите за тренинзи и надградба како предуслов за подигнување на спортската форма и постигнување на спортски резултати.
На средбата присуствуваа Венцислав Недев, селектор и тренер на карате репрезентацијата, Дејан Недев, европски шампион во поединечни борби и освоен сребрен медал во екипни борби, Кристијан Кајчевски, освоен сребрен медал во екипни борби, Аљоша Недев, освоен сребрен медал во екипни борби и бронзен медал во енбу-екипно, Матеј Ангеловски, освоен сребрен медал во екипни борби, Даниел Димитриевски, освоен бронзен медал во енбу-екипно, Ернес Никочевиќ, освоен бронзен медал во енбу-екипно и Сара Гичевска, со освоено четврто место во енбу-екипно натпреварување.