Министерството за образование и наука информира дека на следната седница на Владата на Република Северна Македонија ќе предложи да се направи Измена и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, со што ќе се даде основ Министерството да објави конкурс за доделување на стипендии за студии на врвни светски високо образовни установи од областа на уметноста, вклучувајќи ја и областа на музиката.
Со тоа, ќе им се овозможи и на талентираните државјани на Република Северна Македонија кои аплицираат и се примени на врвни музички школи во светот, да студираат непречено со поддршка од Министерството за образование и наука.
На конкурсот кој ќе биде објавен по усвојување на измената и дополнувањето наПрограмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, можност за аплицирање за стипендија ќе има и студентот од нашата земја кој е примен на „The Juilliard School“ во Њу Јорк, САД, а кој е дел од низа написи во медиумите во минатите неколку денови.