Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров заедно со Неговото Височество, принцот Едвард грофот од Весекс, присуствуваше на настан во Националната филхармонија во Скопје, организиран во рамки на кралската посета на Неговото Височество на Северна Македонија.
Настанот претставуваше дел од одбележувањето на богатата билатерална соработка и пријателството меѓу двете земји. По тој повод, Министерот и високиот гостин присуствуваа на неколку презентации на проекти и концепти од страна на ученици и студенти од цела Северна Македонија на повеќе теми - одржлив развој на градовите во државата, поодржлива мода и модни дизаjни од текстилен отпад, како и презентација на електронски и програмерски транспортни информациски системи, изработени од ученици од 10 до 15 години.
По презентациите, министерот Димитров, Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, амбасадорот на Обединетото Кралство Галовеј, министрите Манчевски и Царовска како и претставници на дипломатскиот кор присуствуваа на настап на инклузивното танцово студио „Еурека“ со претставата „Пепелашка“.
На крај на настанот, министерот Никола Димитров даде изјава за медиумите по повод посетата на принцот Едвард.