Објавен јавен оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни: да бидат државјани на Република Северна Македонија; да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Ги повикуваме сите млади граѓани да ги погледнат условите наведени во огласот и да се пријават. Рокот за пријавување е 15 дена.