Владата донесе одлука за ограничување на извозот на електрична енергија

С О О П Ш Т Е Н И Е

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за ограничување на извозот на електрична енергија која што е произведена од субјектите во Република Македонија.

Оваа одлука ќе започне да важи од утре (понеделник, 13 февруари 2012 година) од 12 часот и ќе се применува до 29 февруари 2012 година.

Во текот на утрешниот ден јавноста ќе биде информирана и за други мерки кои што ќе бидат преземени во однос на електроенергетскиот систем на Република Македонија.