Република Македонија стана член на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ
Република Македонија стана членка на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. За таа цел, минатата година беше склучен Меморандум за разбирање меѓу Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и надлежната служба за хуманитарна помош и цивилна заштита на Европската комисија, чија ратификациона постапка во Собранието на Република Македонија и во Европската комисија заврши на крајот на јануари оваа година.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја олеснува соработката при одговор на катастрофи меѓу 32 европски држави - ЕУ-27 и Хрватска, Македонија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Земјите – членки ги здружуваат ресурсите кои може да бидат достапни за погодени земји од катастрофа од целиот свет. Кога ќе се активира, механизмот го координира обезбедувањето помош и од внатре и надвор од Европската унија. Европската комисија управува со механизмот преку Центарот за мониторинг и информирање.
Со приклучувањето кон Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Република Македонија се поврзува со мрежата низ Европа за справување со катастрофи и со тоа има пристап ресурси наменети за справување со широк спектар на катастрофи. Земјите-кандидати за ЕУ можат да станат членки на механизмот и пред да се приклучувањето во ЕУ. Хрватска учествува од септември 2009 година.
Членките на механизмот имаат корист преку размена на знаења, најдобри практики и проток на информации при реакција на големи итни случаи во Европа и пошироко. Со координација на Комисијата, тие взаемно си помагаат и помагаат на други земји. Република Македонија веќе има корист од оваа соработка во летото 2007 година, кога побара помош преку овој механизам за справување со шумските пожари.