Ставрески: Почна исплата на 215 милиони денари за субвенции на лозарите

Министерството за финансии денеска почна со исплата на субвенциите за лозарите во износ од 215 милиони денари.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Тиквешијата по повод празникот свети Трифун.

- Денеска е голем празник Св. Трифун, Денот на лозарите и празникот на Тиквешијата, на кој ја донесовме и најубавата вест која што може да се донесе, а тоа е почетокот на исплатата на субвенциите за земјоделците. Програмата беше донесена вчера од Владата на Република Македонија со што се создаде основ за исплата на субвенциите за лозарите. Имаме вкупно 215 милиони денари, односно околу 3,5 милиони евра кои ќе легнат на сметките на лозарите. Пред моето доаѓање во Кавадарци се потпишаа налозите и на сметките на лозарите ќе бидат легнати овие средства, изјави министерот.

Тој најави дека во следните денови ќе има исплата и за останатите земјоделци и оти се очекува да се исплатат околу 15 милиони евра, што според него секако ќе им помогнат на лозарите во однос на нивните планови и поддршката за производство на грозје и целокупниот земјоделски сектор во Република Македонија.

Ставрески потенцира дека се создадени услови и за деблокада на винарската визба „Повардарие“ така што  денеска и утре ќе се  овозможат услови за исплата на околу 300 илјади евра за тиквешките лозари од оваа винарска визба.

Задоволен од убавите вести беше и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов кој посочи дека во изминатиот период постојано бил во контакти со премиерот и вицепремиерот известувајќи ги за состојбите во кои се наоѓаат лозарите со исплатата на субвенциите.

- Бидејќи во Тиквешијата се почна со земјоделските работи парите им се неопходни на луѓето и направивме притисок до винарската визба „Повардарие“ како најголем откупувач за исплата на грозјето, дел за 2010 има исплатено. Покрај големата продажба на нивното вино кое го имаме како информација од царинските терминали, баравме и да се исплати грозјето. Тоа се убави вести за лозарите, парите на луѓето им се потребни. Од овој момент се исплаќаат субвенциите од 40.000 денари по хектар