На денешната седница Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците, и донесе одлука да биде пуштен во постапка за усвојување во Собранието.
Закон за инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примена на инспекцискиот надзор како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.
Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на Директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот.
Министерството за правда денеска на дневен ред го постави и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, а Владата го усвои и донесе одлука и тој да биде пуштен на усвојување во собраниска постапка.
Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и за редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите.
Владата денеска го усвои и Предлог-законот за медијација и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.
Целта на Предлог Законот за медијација е приближување на земјата кон Европската унија, која пак во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и медијацијата како еден од нив.
Со унапредувањето на законското решение ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи воедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори, ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена.
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 147 седница, ја разгледа и усвои Информацијата врз основа на која донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.
Со оваа одлука се овозможува Општината Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско рекреативен центар за развој на еко туризам.
На денешната седница на Владата на РСМ е усвоена Информацијата за предлог Спогодба помеѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Северна Македонија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Србија и Република Северна Македонија
Овие услови треба да помогнат во градењето на доверба помеѓу двете земји во однос на градењето на шемите за електронска идентификација кои ги користат, како и за меѓусебно признавање на средствата за електронска идентификација за безбедна електронска интеракција помеѓу граѓаните, претпријатијата и јавните органи со што ќе се зголеми ефикасноста на јавните и приватните електронски услуги, електронски деловни активности и електронското тргување.
На денешната седница Владата на Република Северна Македонија донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на директори, в.д. директори и членови на управни и надзорни одбори на агенции, инспекторати, управи, државни претпријатија и јавни установи.
Листата за разрешувања и именувања во надлежност на Владата на Северна Македонија, е во прилог на ова соопштение:
- Висарa Риза за в.д. директор на Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД
- Милан Запровски за в.д. директор на Државен инспекторат за земјоделство
- Емил Крстевски за в.д. директор на Државен архив на Република Северна Македонија
- Арбен Вила за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ
- Дејан Богоевски за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем
- Пајазит Лика за в.д. заменик директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
- Армир Садики за в.д. директор на Биро за јавни набавки
- Ване Цветанов за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ
- Рефик Мустафа за в.д. директор на Управа за електронско здравство
- Марјан Огненовски се разрешува од должноста од управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ - Скопје
- Зоран Исајловски за управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – Скопје
- Милутин Станиќ се разрешува од должноста директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците
- Славица Тодорова за директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците
ЧЛЕНОВИ НА УО и НО:
- Даниел Пауновски за Член на УО во Агенција за катастар на недвижности
- Блажо Костов за Член на УО во Агенција за катастар на недвижности
- Милан Данилоски за Член на НО во Друштво фабрика за шински возила Велес ДООЕЛ Велес
- Зинија Фејзули за Член на УО во ЈЗУ Здравствен дом Русе Бошковски – Ростуше
- Маја Срезоска за Член на НО во ЈП за одржување и заштита на магистралните и региналните патишта
- Александар Стефановски за Член на УО во Фонд за иновации и технолошки развој
- Николче Мијаковски за Член на УО во ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар
- Билјана Босилкова за Член на УО во ЈЗУ Општа болница Велес
- Томислав Секуловски за Член на УО во ЈЗУ Општа болница Охрид
- Драган Каровски за Член на УО во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ
- Стефанија Ташевска за Член на УО во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје
- Златко Маркоски за Член на УО во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта
- Лидија Николовска Ташковска за Член на УО во ЈП за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ Скопје
- Кире Туџаров за Член на УО во ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица
- Ана Милкова Катарова за Член на УО во ЈП за водостопанство Лисиче Велес
- Влатко Величковски за Член на НО во ЈП Службен весник на РСМ
- Марина Панчурова за Член на УО во ЈЗУ Здравствен дом Струмица
- Гордана Заринска за Член на УО во ЈЗУ Општа болница Струмица
- Орхидеја Шурбановска за Член во Национална комисија за учебници
- Рухан Илјази за Член на УО во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните установи универзитетски клиники завод и ургентен центар Скопје
- Асим Дали за Претседател на совет на Институт за акредитација на РСМ
- Александар Давидовски за Член на одбор на директори во Акционерско друштво Водостопанство на РСМ во државна сопственост
- Соња Петрушевска за Член на НО во Развојна Банка на Северна Македонија
- Мартин Велинов за Член на УО во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – Штип
- Емилија Вачева за Член на УО во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – Штип
- Љубица Зафирова за Член на УО во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – Штип
- Игор Петков за Член на НО во АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост ЕСМ
- Фросина Крстевска за Независен член на НО во АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост ЕСМ
- Драгољуб Филиповски за Член на НО во АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост
- Виктор Андонов за Член на УО во Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
- Илмија Шабани за Член на одбор за контрола на материјално-финансиско работење во ЈУ Национален парк Маврово, Маврови Анови
- Маријан Стојковски се разрешува од должноста член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија
- Вероника Кокоромановска за член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија
- Ана Рандевска се разрешува од должноста член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија
- Сузана Јовановска Илиева за член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија
На денешната седница на владата се донесени и Препораки до УО, и тоа:
- Се препорачува на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”- Скопје, за директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”- Скопје да го/ ја именува Беким Мемет.
- Се препорачува на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје, за директор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје да го/ ја именува Фестим Халили.