Јавен повик за обуки за напредни ИТ вештини со кофинансирање

Институција која огласува: 
Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
31.12.2019

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година и измените и дополнувањата од месец јули 2019 година, усвоени од Владата на Република Северна  Македонија за мерката 4.2 Обуки за  напредни ИТ вештини (кофинансирање – финансирана 49% од Агенција за вработување на Република Северна Македонија и 51% од спроведувачот на обуки), на ден 14.09.2019 година, се објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК
до евидентирани невработени лица

 

Се повикуваат евидентираните невработени млади лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатичките технологии, да аплицирааат за учество во обуките за еден од следните програмски пакети:

 

1. Модуларен програмски пакет Full Stack Java development

Теоретскиот дел од програмскиот пакет ќе им овозможи на слушателите да се запознаат со објектно-ориентираното програмирање и да стекнат знаење како да развиваат конзолски и веб апликации. Низ практични вежби слушателите ќе ги изучат главните функционалности и можности на програмскиот јазик JAVA и да се квалификуваат како Full Stack Java програмери (девелопери).

Модуларен програмски пакет Full Stack Java development

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

Java Fundamentals SE8

40

OCA, Java SE8 Programmer

 (1Z0-808)

 

20

2

Java Programming SE8

40

3

My SQL for Developers

32

2. Модуларен програмски пакет Front-end MERN Stack Development

Програмскиот пакет ќе им овозможи на слушателите да научат да изработуваат веб апликации и сервиси.

Акцентот ќе биде ставен на програмирање на клиентска страна со користење на најновите стандарди за приказ и организирање на информации преку HTML5 и CSS3 и користење на функционалностите на прелистувачите преку JavaScript.

Со програмскиот пакет ќе биде покриена една од најкористените платформи Node.js базирана на V8 JavaScript механизмот и MongoDB база на податоци. Слушателите ќе можат да изградат најмодерни кориснички интерфејси со примена на React - JavaScript бибилиотека.

Модуларен програмски пакет Front-end MERN Stack Development

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

20480C: Programming in HTML5 with Java Script and CSS3

40

Programming in HTML5 with Java Script and CSS3 (70-480)

 

20

2

Node.js & MongoDB

30

3

React.js

30

3. Модуларен програмски пакет Data analyst

Програмскиот пакет ќе им овозможи на слушателите запознавање со:

  • техники за пишување на основен “SELECT statement” за извлекување на податоци од “SQL server“
  • техники за подредување и групирање на податоците
  • примена на агрегатни функции и
  • начин на презентација на податоците

Дополнително слушателите ќе се стекнат со BI вештини за анализа на податоци во Excel, за креирање графикони, за користење Pivot Charts и за креирање Data model во Excel. Покрај горенаведените вештини слушателите ќе имаат можност да се запознаат со најбараната алатка за анализа на податоци - Power BI и да научат да го применуваат целиот life cycle за анализа, почнувајќи од подготовка на податоците, креирање на Data Modelот, визуеализација и донесување на заклучоци.

Во процесот на учење слушателите ќе се запознаат и со начинот на агилно работење во тимови.

Модуларен програмски пакет Data analyst

Ред.Бр.

Модул за обука

Број на часови по модул

Назив на титула

Број на слушатели

1

5532:Writing Analytical Queries for business intelegence

24

MCSA: BI Reporting

(70-779, 70-778)

 

20

2

20779: Analyzing Data with Excel

24

3

20778: Analyzing Data with Power BI

24

4

Scrum master Certified

20

Во оваа мерка е предвидено вклучување на 60 невработени млади лица кои ќе добијат можност за надградување на вештините во областа на информатичките технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот.

 

За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми:

  • Да има завршено средно или високо образование и
  • Да биде на евиденцијата на невработени лица- активен барател на работа

 

Предвидено е обуките од модуларните програмски пакети да се реализираат во Скопскиот и во другите плански региони на Република Северна Македонија во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во мерката.

Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 10 (десет) пријавени и селектирани кандидати по програмски пакет. Обуките за напредни ИТ вештини ќе се спроведуваат на македонски јазик.

 

Тренинг центарот има обврска да спроведе претходна проверка на нивото на знаење на кандидатот со цел вклучување во соодветниот програмски пакет на обука. Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.

 

Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, предност ќе имаат кандидатите кои први поднеле пријава за учество. Невработените лица ќе имаат можност да аплицираат за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.

Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учестуваат во обука во друга напредна ИТ вештина, но предност ќе имаат кандидадите кои никогаш не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.

 

Обуките од еден модуларен програмски пакет ќе се реализираат во период од 4 (четири) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи, врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на авторизираниот тренинг центар.

На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит.

 

Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3(три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитаран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок.

 

На лицата кои редовно посетувале обука, односно присуствувале на најмалку 70% од часовите, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за редовно посетувана обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.

 

За минимум 50% од слушателите кои успешно ќе ја завршат обуката, спроведувачот на обука ќе има обврска да обезбеди вработување кај други работодавачи најдоцна 12 месеци по завршувањето на обуката, а невработеното лице е должно да го прифати вработувањето.

Правата и обврските на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  спроведувачот на обуките и учесниците ќе бидат подетално уредени со склучување на посебен договор.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Јавниот повик ќе биде отворен се до пополнување на планираниот опфат на лица.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија https://av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk.

Пропратни документи: