Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет

Министерот за правда Блерим Беџети денеска имаше  работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет, на која стана збор за  досегашната соработка и  плановите за оваа година.

Министерот Беџети го информирал Брет за досегашните и за тековните активности  на Министерството за правда, за подобрување на процесот на добивање бесплатна правна помош и измените на истоимениот закон. Во тој контекст била спомната евентуалната измена во законот со која ќе се прошири кругот на бесплатната правна помош во делот на корисниците.

Амбасадорот  Брет истакнал дека и  во иднина очекува добра соработка со Министерството за правда во некои активности, дури и со забрзано темпо.

Заблагодарувајќи се за досегашната соработка, министерот Беџети изразил подготвеност за натамошна помош и асистенција во законските акти на мисијата на ОБСЕ во Скопје.