Генералните секретари на владите на Северна Македонија и Босна и Херцеговина разменија искуства за ефикасноста на владините постапки, за процесот на дигитализација и за концептот отворена влада

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија д-р Драги Рашковски оствари средба со Генералниот секретар на Советот на министри на Босна и Херцеговина, м-р Роберт Видовиќ.

На средбата, преку размена на искуства, се дискутираше за подобрување и  зголемување на ефикасноста на владините постапки, за процесот на дигитализација на постапките и за концептот отворена влада.