Премиерот Заев утре ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) во Рим

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев утре, на 19.12.2019 (четврток) ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) во Рим, главниот град на Италија како претседавач на иницијатива која оваа година одбележува 30 години од формирањето.

На самитот, на кој премиерот Заев учествува на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте, се очекува лидерите на земјите членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата.

Во Централно европската иницијатива се опфатени 17 европски земји, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.

Од 1 јануари 2020 година претседателството на ЦЕИ го презема Црна Гора.

Календар Влада: 
Thursday, December 19, 2019 - 00:00 to 23:45