Премиерот Спасовски домаќин на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји
Во работна посета на нашата земја ќе престојува еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.
Еврокомесарот Вархеји во Владата на Република Северна Македонија ќе биде пречекан од премиерот Оливер Спасовски, на платото пред владината зграда во 14:40 часот.
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски и еврокомесарот Вархеји ќе одржат заедничка прес-конференција во медија центарот на Владата со почеток во 15:30 часот.
Календар Влада:
Среда, Јануари 15, 2020 - 14:30 to 16:30