ЈАВЕН ОГЛАС за именување на директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
14.02.2020

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, со мандат во траење од четири години со можност за повторен избор.
 
2. За директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

1) да е државјанин на Република Северна Македонија;

2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3) да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

4) да има минимум пет години работно искуство во областа на инвестиции и извоз и најмалку три години работно искуство на раководно место;

5) да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

  • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
  • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1) кратка биографија;

2) уверение за државјанство; 

3) доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

4) доказ дека има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

5) доказ дека има минимум пет години работно искуство во областа на инвестиции и извоз и најмалку три години работно искуство на раководно место;

6) меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

  • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
  • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

4. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија “.

5. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019 и 26/2020).

6. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е (5) пет работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници, односно заклучно со 14 февруари 2020 година.

7. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: