Република Северна Македонија како земја кандидат за членство има обврска да се придружува кон заедничките позиции во форма на декларации, изјави и рестриктивни мерки, кои ги усвојува ЕУ со консензус кога станува збор за заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.
Имајќи ја таа обврска предвид, Северна Македонија се придружи кон Одлуката на Советот на ЕУ од 11 ноември 2019 со која таа воведе рестриктивни мерки заради одредени неовластени активности на Турција за бушење/истражување на минерални суровини во Источниот Медитеран.
Во нашата земја сѐ уште не се донесени одлуки за применување на ваквите рестрикции кон конкретни лица или правни субјекти кои имале неовластени активности. Во следниот период ќе бидат спроведени претходни меѓуресорски консултации во врска со спроведување на мерките во домашниот правен поредок.
Придружувањето кон рестриктивните мерки на ЕУ нема да влијае на билатералните односи на Северна Македонија со Турција, земја со која негуваме исклучително позитивни пријателски односи во повеќе облкасти од интерес на граѓаните на двете држави.