Груевски: Голем интерес од индиските бизнисмени за економското претставување на Македонија
Индиските бизнисмени покажаа голем интерес за економското претставување на Македонија, оцени премиерот Никола Груевски по двата бизнис форумa во Њу Делхи на кои владиниот економски тим што го предводи ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.
Главната цел на посетата на Индија, посочи Груевски, е економско претставување на Македонија пред потенцијални инвеститори кои планираат да инвестираат Европа и бараат нови локации за нови фабрики.
Македoнскиот премиер воедно имаше средба неговиот индиски колега Манмохан Синг. Средбата, според Груевски, дала посебна тежина на настанот, а присуството на над 200 компании на правата економска презентација била доказ за големиот интерес.
Индиските бизнисмени, посочи Груевски, внимателно ги следеа сите искажувања на македонскиот владин тим и сите детали за условите за водење бизнис во Македонија и покажале голем интерес.
- Со многу од нив имавме и поединечни средби и се надевам дека во месеците и годините што доаѓаат дел од нив ќе дојдат и ќе ја посетат Македонија и ќе се уверат во можностите што ги нуди за правење бизнис. Неколку од нив веќе имаат и конкретна замисла што да прават, во каков бизнис да влезат, некои имаат разработено планови а некои дојдоа по првпат да се запознаат со можностите за правење бизнис во Македонија, изјави Груевски.
Од овој апсект гледано, додаде, комбинирана политичка и економска презентација на Македонија е извонредна работа бидејќи политичкиот дел ги охрабрува посебно и бизнисмените затоа што гледаме дека има политичка поддршка на нашето доаѓање тука во Индија.
Груевски ја оцени како особено значајна и втората презентација на Македонија организирана од сопственикот на Сахара Индија Паривар групацијата Субрати Рој. Групација, посочи, е втор најголем работодавач во Индија, односно вработува околу два милиони луѓе колку што е популацијата во Македонија, има капитал од приближно од 65 милијарди долари и е влезена во голем број бизниси, во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети...
- Станува збор за еден од 25 највлијателни луѓе во Индија и втор најголм работодавач по „Индиската железница“. Тој беше наш домаќин на втората презентација. Македонија ја памети по Мајка Тереза, како што и на многу места во Иднија каде што ќе отидеме Македонија ја знаат по Мајка Тереза. Така заврши и разговорот со премиерот со потсетување на нејзиниот лик и дело и во тој дух беше и дел од презентацијата со господинот Рој и Сахара груп кој не само што ни помогна за оваа презентација, туку и лично покани стотина бизнисмени, политичари и други познати личности од општествениот живот на Индија, рече Груевски.
Тој додаде дека освен бизнисмени на презентацијата присуствувале и голем број политичари, меѓу нив и шефот на најголемата опозицска партија, број парламентарци, министри, поранешни членови на Владата, поранешни премиери.
- Втората презентација беше мешана меѓу бизнисмени и политичари и други познати лица од општественот живот на Индија каде што ја претставивме Македонија и економски и генерално како држава која е многу интересна и има една крупна заедничка работа со Индија, а тоа е легендарната Мајка Тереза, изјави Груевски по двата бизнис форума на владиниот економски тим во Њу Делхи.