Министерот Тодоров ги разреши двајцата директори на Детската клиника поради лоши хигиенски услови во оваа ЈЗУ
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска донесе решение со кое ги разреши двајцата директори на Детската клиника, Ацо Костовски и Африм Сулејмани поради долготрајни лоши хигиенски услови во оваа јавна здравствена установа.
Ова решение на министерот Тодоров следи по вчера извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и вработени во Министерството за здравство во 10 јавни здравствени установи.
Тој истакна дека Детската клиника покажала најлоши резултати при вонредниот надзор кога е регистрирана остава каде се складира валкан веш кој стои подолго време, лоша состојба на тоалет каде треба да се капат деца и тоалет за мајките итн.
- Детската клиника при повеќе инспекциски надзори и од спроведените анкети покажа голем број слабости од аспект на функционирање. Според анкетите спроведени на терен за состојбата во ЈЗУ, од 28 прашања кај 18, Детската клиника стои најлошо. Прашањата се однесуваа на хигиена, болнички соби, санитарни јазли, начин на организација на шалтер, љубезност на персонал итн, рече Тодоров.
Потенцира дека има неколку кандидати за Детската клиника и оти утре или задутре очекува да бидат поставени в.д. директори на оваа јавна здравствена установа.
Според него, за да се среди еден тоалет не се потребни многу средства, потребна е организација, искреност и волја.
Вонреден инспекциски надзор вчера е извршен и во Градската општа болница „8 Септември“, Специјална болница за гинекологија Чаир, клиниките за психијатрија, за дерматовенеролошки болести, хематологија, токсикологија, инфективни болести, неврологија и КАРИЛ.
- Генералната оценка од извршениот вонреден надзор е дека општата слика задоволува и дека вродиле со плод заложбите што ги правиме за подобрување на состојбите во хигиената во поголем дел од ЈЗУ освен во Детската клиника. Во клиниките има различна констатирана состојба од тоа дека некаде состојбата се подобрува, некаде се констатирани помали забелешки, посочи Тодоров.
На Клиниката за токсикологија, укажа тој, затекната е одлична хигиенско техничка состојба.
Министерот Тодоров додаде дека е предвидена целосна внатрешна реконструкција