Премиерот Заев и украинската амбасадорка Задорожњук: Нашите пријателски земји имаат потенцијал за развој на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук, со која се согласија дека двете земји имаат пријателски односи и услови за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговскиот промет и интерес за зајакнување на соработката во повеќе сфери.

На средбата премиерот Заев истакна дека двете земји имаат заеднички стратешки цели, остварување на евроатлантските интеграции и со украинската амбасадорка разговараа за мерките кои во двете земји се преземаат за полесно справување со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

На средбата, амбасадорката Задорожњук на премиерот Заев му предаде честитка од неговиот колега, премиерот на Украина, Денис Шмихал по повод претстојниот празник, 8 Септември - Денот на независноста на нашата татковина со желби за продолжување на традиционално пријателските односи и исполнување на потенцијалот во поглед на ефективна билатерална соработка.