Средба на премиерот Заев со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД: Владата е посветена на приоритетите на граѓаните во сите области од нејзините надлежности

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, се сретна со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД.

На состанокот, претставниците на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД информираа за дел од проблемите со кои се соочуваат во изминатиот период.

Соговорниците ја поздравија заложбата на премиерот Заев да ги разгледа нивните предлози и можни решенија во рамките на надлежностите од делокругот на Владата.

Беше истакнато дека Владата и во новиот мандат останува посветена на подобрување на економскиот просперитет на сите граѓани, создавање независни институции и обезбедување на механизми во делот на владеење на правото за градење силна, независна и просперитетна држава.