Средба на премиерот Груевски со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со генералниот секретар на ОБСЕ, г-дин Ламберто Заниер.
На средбата стана збор за повеќе аспекти од взаемната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и ОБСЕ.
Од страна на претседателот на Владата беше истакната благодарност за улогата на ОБСЕ во поддршка на реформските активности на Владата во повеќе сфери, особено во областите на владеењето на правото, судството, изборната легислатива, реформите во полицијата, образованието, децентрализацијата и човековите права.
Претседателот Груевски го информираше својот соговорник дека Владата останува целосно посветена кон имплементација на Стратегијата за интегрирано образование, изработена во соработка со Високиот комесар за национални малцинства, г-дин Кнут Волебек.
Двајцата соговорници заклучија дека соработката помеѓу Владата на Република Македонија и ОБСЕ треба да продолжи и во иднина преку стручна поддршка и техничка помош на полињата кои се од взаемен интерес.