Mинистерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити на која што се разговараше за тековните и идни активности и проекти на Црвениот крст и заедничките планови и активности со Министерството.
„Значењето на Црвениот крст на Северна Македонија е огромно. Тој е наш партнер, со кој сме на иста линија и заедно се залагаме за унапредување на социјалната и економска состојба на граѓаните преку социо-психолошка и материјална помош и поддршка на оние на кои им е неопходна и најпотребна“, истакна Шахпаска.
Од страна на Црвениот крст беа посочени нивните активности кои се во доменот на асистенција на ранливите групи на население. Како што се , активности за одговор на предизвици настанати од КОВИД 19, соработка во делот на лична асистенција на лица со попреченост и нега на стари лица и лица со попреченост, социјализација на деца и млади со попреченост, помош за мигранти, бегалци и баратели на азил, помош на деца на семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.
На средбата се разговараше и за реалните можности за развој и реализација на заеднички проекти одобрени од МТСП, а финансирани од европски програми, Австриски Црвен крст и во соработка со меѓународни организации.
Министерката Шахпаска изрази подготвеност за продолжување на заедничката соработка и во иднина и исполнување на заедничките приоритети,помош и поддршка на ранливите категории на граѓани.