Турските компании „Атешоглу” и „Алутек“ со три проекти во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска имаше средба со делегација на турските компании „Атешоглу” и „Алутек“ на која стана збор за можностите за нивни инвестиции во Македонија во областа на земјоделството.

Турските компании имаат три проекти за инвестирање во земјава - во одгледување црна цреша, во одгледување крупен добиток и производство на млеко и млеко во прав, истакнал на средбата директорот на „Алутек“ Ерол Акмерт.

Како што соопшти Министерството, Акмерт му се заблагодари на министерот Димовски за целокупната поддршка што ја добиле од државните институции и рече дека во изминатите неколку дена се сретнале со повеќе претставници од Владата на и изрази огромно задоволство од можностите што нивните компании ги имаат за инвестиции во Македонија.

Министерот Димовски  го поздрави интересот на турските инвеститори за инвестирање во Македонија. Тој им презентираше на претставниците на „Атешоглу“ и „Алутек“ можности за нивни инвестиции во Република Македонија, особено од аспект на подршката која Владата на Република Македонија ја пружа преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството во делот на одгледување на добиток, одгледување сточна храна и им посочи во кои региони успева црната цреша

Министерот и неговите гости изразија увереност дека по завршување на сите административни постапки ќе почнат со инвестиции во Република Македонија.

Ова е втора средба на министерот се претставници на овие две компании. Првата се одржа во Истанбул за време на посетата на Турција од страна на владини претставници.