Одржана седница на Економскиот совет со присуство на висока делегација од Светската банка
Во Владата на Република Македонија денеска се одржа седница на Економскиот совет на која што присуствуваше висока делегација од Светската банка.
Главна тема на седницата беше презентација на главниот економист на Светската банка за Европа и Централна Азија, г-дин Индермит Гил, кој пред членовите на Економскиот совет ги претстави наодите и заклучоците од најновиот извештај на Светската банка “Златен развој – Возобновување на сјајот на европскиот економски модел”.
Во текот на утрешниот ден претставниците на Светската банка ќе го презентираат овој извештај и пред пошироката јавност.