Јавен Оглас за вработување на (3) извршители за пополнување на посебни работни места во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија заради извршување на работни задачи на посебни советници

Институција која огласува: 
Генерален Секретаријат - Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
06.11.2020

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 7, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/2019 и 14/2020), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015,  72/2015 , 129/2015,27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2019) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија бр.04 8432/1 од 18.9.2020 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 02/2020
за вработување на (3) извршители за пополнување на посебни работни места во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија заради извршување на работни задачи на посебни советници

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, поради потребата од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во  Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, а со цел извршување на работни задачи на посебен советник, за ангажирање на 3 лица на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следниве позиции:

1. Посебен советник за правни прашања во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки;
  • одлично познавање на англиски јазик ;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство најмалку три години;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
 
Нето плата 54.000,00 денари.

2. Посебен советник за економски прашања во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки;
  • одлично познавање на англиски јазик ;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство најмалку три години;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 42.000,00 денари.

3. Посебен советник за следење на проекти и искористување на ИПА фондови во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки;
  • одлично познавање на англиски јазик ;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство најмалку три години.

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 42.000,00 денари.

Покрај потребните квалификации предвидени за секоја позиција одделно кандидатите треба да ги исполнуваат и следните:

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: 

  • своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност за работното место;
  • доказ за бараното работно искуство;
  • диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;
  • доказ за познавање англиски јазик;
  • доказ за познавање на компјутерски вештини.

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Сектор за човечки ресурси
бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување посебни советници“)

На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана. 

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.