Матрица за планирање на владините комуникации

Централниот Сектор за односи со јавноста на Владата е во постојана координација со Кабинетот на претседателот на Владата, со кабинетите на замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, со одделенијата за односи со јавност на министерствата и институциите во рамки на Владата, преку систем на матрица за стратешко планирање на проактивните комуникации на Владата, познат како ГРИД - систем, моделот што го користи владиниот комуникациски сервис на Велика Британија.
 

  • Матрицата е стратешка алатка за планирање неделни проактивни комуникации со јавност за Владата и министерствата
  • Матрицата е двоседмичен документ со којшто се усогласуваат сите вести коишто ги произведуваат владините институции, со цел максимален ефект
  • Матрицата ѝ овозможува на Владата да го утврди дневниот ред на своите активности и плански да комуницира
  • Министрите се однапред запознаени со активностите на целата влада и другите важни субјекти во општеството